-->
-->
Вооружени полицајци пред Амбасадата на Еквадор во Лондон
-->

Асанж би можел да биде заштитен од апсење доколку патува со дипломатски автомобил, но би било тешко да се стигне до такво возило, бидејќи амбасадата се наоѓа на првиот кат на зградата, која е под деноноќен надзор на полицијата, наведува Ројтерс.
Дворот на таа зграда има неколку влезни капии и приватен паркинг, но амбасадата на Еквадор не е внатрешно поврзана со ниту еден од тие влезови, така што Асанж би можел да излезе само на предниот влез, изјавил за британската новинска агенција анонимен шеф на обезбедувањето на зградата.
„Не постои начин возило да влезе во кругот на зградата бидејќи тоа е приватен паркинг и воопшто не е поврзан со просториите на амбасадата на Еквадор“, објаснил тој, додавајќи дека Асанж, нормално, би можел да излезе низ прозорец, но и дека насекаде наоколу има камери.
Дури и ако успее да излезе од зградата и да влезе во автомобил што би го чекал напред, а полицијата да не го забележи, Асанж би морал во одреден момент да излезе од возилото за да се качи на авион што ќе полета од Британија, со што би им овозможил уште повеќе шанси на властите да го уапсат.
Други можности за кои дискутираат правниците на Интернет ја вклучуваат можноста тој да биде прошверцуван во дипломатска торба, што би било противзаконско, или тој да биде именуван за еквадорски дипломат, со што би стекнал имунитет, но адвокатите и дипломатите сметаат дека ниту една од тие можности не е реална.
Еквадор му одобри политички азил на Асанж откако британските власти се заканија дека ќе упаднат во амбасадата на таа земја во Лондон и ќе го уапсат основачот на Викиликс, а Британија е решена, како што истакнува, да ја исполни својата обврска и да го екстрадира Асанж во Шведска, за да одговара за обвиненијата за сексуален престап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд