Свет
21. October 2016 - 18:14

Вооружени мажи нападнаа мигрантски брод во близина на Либија

Вооружени мажи синоќа нападнаа брод со кој се превезувале мигранти во близина на брегот на Либија. Во инцидентот загинаа четири лица, а 15 се водат како исчезнати, соопшти денеска германската невладина организација „Си-Воч“ (Sea-Watch).

- Напаѓачите до бродот допловиле со брод со ознаки на либиската крајбрежна стража и почнале да ги удираат мигрантите со стапови, соборувајќи многу од нив во вода, изјави портпаролот на „Си-Воч“.

Тој наведе дека по инцидентот хуманитарната организација почнала операција за спасување.