Македонија
11. July 2017 - 12:53

Вооружена драма синоќа во Скопје

Во 20 часот и 40 минути во Скопје, на улицата „Кемал Сејфула“, во аптека „Еурофарм“, се одвивала вистинс адрама кога влегол вооружен и маскиран крадец. Полицијата денеска информира дека откако непознато лице влегло во аптеката, со солзавец прснало кон вработената, по што со закана со пиштол извршило разбојништво, одземајќи го дневниот промет.

Потоа насилникот избегал од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.