Македонија
11. јуни 2017 - 13:48

Вооружена драма синоќа на Партизанска

Синоќа триесетина минути пред полноќ се одвивала вооружена драма на партизанска, во аптека на Еурофарм, кога непознато лице со закана со пиштол извршило разбојништво и од вработените одзело сума на пари од околу 37.300 денари по што го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.