Вооружен упад во трговски центар во реонот на Париз
Вооружени лица уторво упаднаа во продавница во трговскиот центар во Вилнев-ла-Гарен во Горна Сена во регионот на Париз, со цел да извршат грабеж.
По три часа 18 вработени во продавницата „Примарк“, кои по нападот се сокриле во кантина во трговскиот центар „Кварц“, беа евакуирани од специјалните полициски сили РАИ.
- Осумнаесет луѓе се евакуирани во 10:30 часот. На еден од нив му се слошило, но нема повредени, изјави извор од полицијата, додавајќи дека „пребарувањето продолжува со цел да се лоцира тројцата криминалци“.
Се уште е нејасно дали тие држат како заложници и други вработени во трговскиот центар.
Нападот беше пријавен од страна на вработена во продавница „Примарк“, која испратила СМС порака во 07:01 часот до нејзиното момче за да му каже „дека се задржани како заложници од страна на две вооружени лица“.
Ново на Сител
-
Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол
-
Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката
-
Главната цел на Русија на самитот на БРИКС: Крај на доминацијата на доларот
-
Украински функционер повика на евакуација на градот Покровск
-
Нетанјаху нареди дополнителни испораки на хуманитарна помош за Газа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-
Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ