Вооружен напад за време на настап на познат пејач во Америка - 28 лица повредени, двајца се борат за живот
Шефот на полицијата во Литл Рок изјавил синоќа дека истражувачите веруваат дека пукањето во ноќниот клуб, во кој 28 лица се повредени е поврзана со криминални групи, а градоначалникот на тоа место во Арканзас најавил дека клубот ќе биде затворен.
Шефот на полицијата Кентон Бакнер изјавил дека смета дека до пукање дошло поради расправија на локалните банди, како и дека повеќе луѓе започнале да пукаат со огнено оружје, кога 25 од нив се здобиле со повреди, додека преостанатите тројца настрадале во обид да излезат од клубот. Како што се наведува, две лица се борат за живот.
Градоначалникот вели дека тој клуб ќе биде затворен, а државатаго суспендирала клубот за издавање пијалоци, но подоцна градоначалникот на конференцијата за новинари истакнал дека клуот ќе биде целосно затворен.
Сопственикот на ноќниот клуб поставил на интернет видео снимка од клубот во кој настапувал раперот Finese 2Tymes каде пукањето започнало кога музичарот направил пауза и за 11 секунди биле испукани 24 куршуми.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп