Свет
10. April 2017 - 21:51

Вооружен напад во училиште- двајца убиени во Калифорнија

Две лица се убиени, а две други се ранети денеска кога вооружен напаѓач отвори оган во основно училиште во градот Сан Бернардино во американската сојузна држава Калифорнија, јави ДПА.

Според началникот на локалнта полиција, Џарод Бургуан по нападот, напаѓачот се самоубил. Тој нагалиси дека нападот најверојатно е последица на семејна караница.

– Напаѓачот е мртов и повеќе нема никкава опасност, нагласи Бургуан.

Американските медиуми јавија дека убиените при нападот се возрасни лица, додека ранетите најверојатно се деца.

Во училиштето во кое е извршен нападот се спроведува настава до шесто одделение, а во истиот објект има и детска градинка.

Веднаш по нападот, сите деца од училиштето и градинката се евакуиран и пренесени во објектот на блиската гиманзија.

Во декември 2015 година во Сан Бернардино беше извршен терористички напад, при кој загинаа 14 лица, а 22 други беа ранети. Нападот го изврши муслиманска двојка, кои според изјави на сведоци, „се заколнале на верност“ на групата Исламска држава. При инцидентот двајцата напаѓачи беа убиени од страна на полицијата.