Македонија
7. December 2022 - 16:37

Вооружен грабеж во трговски центар во Скопје - Запалени банкомати

Ова не е сцена од акционен филм, туку од вооружениот грабеж утринава во трговскиот центар во Топанско поле каде во воздух беа кренати повеќе банкомати од различни банки. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека акцијата почнала во 5 часот и 41 минута и траела околу 1 минута. На снимката можат да се видат чеворица маскирани и вооружени разбојници. Две лица се упатуваат кон банкоматите и почнуваат да го поставуваат експлозивот, а другите двајца кои во рацете држат автоматски пушки  го тргаат чуварот на другиот дел од паркингот. Пред да дојде до експлозија по главната улица поминува и автомобил.

Министерот за внатрешни работи изјави дека се рабпоти на расчистување на случајот. Засега нема информации дали и колку пари се украдени и колкава штета е направена.

-Кога ќе има информации во однос на тоа, ќе ги споделиме со јавноста, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Утринава додека се вршеше увид од страна на полицијата беше затворен  делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар што дополнително го отежниваше сообраќајот и во овој дел од градот.