Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.
Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството.
-Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиентниот водзух и во правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут/нафта, појаснуваат од Обвинителството.
Со иста задача, овластените инспектори за животна средина при Градот Скопје треба да направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.
Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината.
Од Обвинителството информираат дека Министерството за внатрешни работи врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.
Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување, пак, треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето кои за загревање на просториите користат мазут/нафта дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали согласно пропишаната законска динамика.
По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“