Вонредната состојба во Албанија е продолжена до 23 јуни
Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.
– Се дава согласност за продолжување на вонредната состојбата поради природна непогода, прогласена со решение бр. 243, од 24.03.2020 година на Советот на министри до 23.06.2020 година, се наведува во донесената одлука,за која гласаа и пратениците од опозицијата.
Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.
Пред да влезат во собраниската сала на пратениците им беше мерена телесна температура, носеа заштитни маски и ракавици а поради одржување социјална дистанца беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за странските дипломати или високи гости.
Денешната седница се одржа без присуство на новинари а право да ја пренесува имаше само државната радио телевизија.
Владата, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена.
Според денес соопштените податоци од Министертвото за здратсво и социјална заштита,во земјата дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати 27 лица. Албанската влада во исто време најави дека ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки, доколку состојбата со заразата продолжи да биде стабилна.
Ново на Сител
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка