Вонредна временска прогноза: Следува значителна промена на времето
Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm.
Во Скопската Котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сm.
Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.
За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено.
Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука