Вонредна состојба уште 14 дена
По седницата која се одржа денеска на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски даде изјава и прогласи вонредна состојба уште 14 дена.
- Почитувани имајќи го во предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре. Тука сакам посебно да нагласам одлуката за нови 14 дена вонредна состојба е поврзана исклучиво со намерата да и се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат пред се со здравствените но и со социјално економските ефекти од пандемијата и нема никаква корелација со датумот за парламентарни избори што е предмет на договарање во поинаков политички формат. - изјави Пендаровски.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата