-->
-->
Вонредна седница на СБ на ОН за ситуацијата во Алепо
-->
Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница по барање на Франција и Велика Британија, со цел да се разгледа ситуацијата во сирискиот град Алепо, каде се водат жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците.
Заменик генералниот секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтман ќе ги запознае 15-те земји членки на Советот за безбедност со ситуацијата во Алепо. Извештај ќе поднесе и заменик генералниот секретар за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан, по што ќе следува седница зад затворени врати.
- Алепо е град маченик, кој е во центарот на отпорот против сирискиот претседател Башар ал Асад, истакна францускиот претставник во ОН, Франсоа Долатр, додавајќи дека „овој град за Сирија е исто што Сараево беше за Босна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец