-->
-->
Војната ги разделила: Четворица мажи направиле иста фотографија, како и пред 50 години!
-->

Пред 50 години, четворица маринци позирале пред жолта даска за сурфање на плажа во Флорида, а 5 децении подоцна, повторно се собрале на истото место за да ја направат истата фотографија.
Најстариот, Боб Фалк кој има 71 година на двете фотографии носи маица во бело-сини пруги, 69-годишниот Денис Пулео ужива бос во песокот, Том Хенкс се обидува дури и на 69 години да ги покаже мускулите, а Боб ДеВенеција клечи.
Фотографијата не може да биде совршена копија на таа која ја направиле пред 50 години, бидејќи времето си го прави своето, но едно нешто е сигурно ова е еден од најубавите можни начини да се покаже колку едно пријателство може да биде цврсто дури и тогаш кога поминале декади како не сте се виделе.
Токму и затоа, фотографиите од овие забавни маринци станаа вирална сензација – доказ дека силната поврзаност меѓу пријателите, ништо не може да ја ослабе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност