Војната е објавена, подгответе се - Анонимуси им објавија војна на ИСИС
Хакерската група Анонимуси им објавија војна на ИСИС по крвавиот напад во петокот навечер во Франција. Постирајќи видео на Јутјуб, групата на француски кажа дека ќе го искористи своето знаење да го обедини човештвото, и ги предупреди ИСИС да бидат подготвени за тоа што доаѓа.
- Анонимусите од целиот свет ќе ве гонат. Треба да знаете дека ќе ве најдеме и немада ве оставиме на мир. Ќе ја направиме најголемата операција против вас. Војната е објавена, подгответе се, - велат Анонимусите преку видеото.
Тие додаваат дека војната е започната и дека францускиот народ е јак и силата уште повеќе ќе се зголемува.
Ова не е прв пат хакерите да објават војна на Исламската држава. Тие објавија вакви видеа и по нападот на "Шарли Ебдо" во јануари годинава.
Инаку, ИСИС ја презеде одговорноста за крвавиот и незапаметен напад во Франција во кој загинаа 129 лица, а 350 се повредени.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!