Воени вежби на НАТО крај украинскиот брег на Црното Море
Во водите на Црното Море започнаа воени вежби во кои учествуваат САД, Украина и други земји, соопшти денеска прес-службата на Командата на украинската Воена морнарица.
Како што пренесува ТАСС, оваа година географската површина на маневрите познати под називот „Си Бриз" ќе биде значително зголемена. Вежбите ќе се спроведат во северозападниот дел на Црното Море, близу Одеската и Миколаивската област в Украина.
Во маневрите ќе учествуваат повеќе од 25 воени бродови од Украина, САД, Турција, Романија, Молдавија и Грузија. Маринци и командири ќе одработуваат „стабилизирачки дејствија при спроведување на операции во кризен регион по стандардите на НАТО".
Во рамките на вежбите, кои ќе траат до 30 јули, се предвидени симулации на морски и воздушен десант, искористување артилерија при контрадесантна одбрана, одбивање на напади од море со помош на инженерските единици, како и специјални задачи за обезбедување на крајбрежни региони.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер