Воени вежби на морнариците на Русија и Кина во Балтичкото Море
Во пристаништето Балтијск во руската енклава Калињинград, денеска почнаа заеднички маневри на воените морнарици на Русија и Кина, јави ДПА.
- Првпат во историјата на руско-кинеските односи кинески воени бродови го посетуваат Балтијск, соопшти Командата на Балтичка флота на Воената морнарица на Русија.
Овие воени маневри се надоврзуваат на зголемената активност на руската армија во реонот на Балтичкото Море, што предизвикува загриженост во поранешните советски балтички републики - Естонија, Летонија и Литванија, но и во Шведска и Финска.
Западни аналитичари оценуваат дека манврите се во рамки на обидите на Москва за зајакнување на врските со Пекинг, во услови кога руските односи со Западот се влошени првенствено поради конфликтот во Украина.
Ново на Сител
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка