Свет
14. March 2016 - 12:49

Воен авион на ОАЕ исчезна во борбена мисија во Јемен

Воен авион на воздухополвните сили на Обединетите арапски емирати (ОАЕ) исчезнал во Јемен, во текот на борбената мисија против бунтовничките сили на локалните шиитски Хути.

Во соопштението на ВАМ, државна агенција на ОАЕ , не се даваат никакви други детали.

Засеге не е познато во кој дел од Јемен се случил инцидентот, ниту за каков тип на авион станува збор.Агенцијата како и воените властии не откриваат ништо за судбината на двајцата пилоти.

Ова е прв инцидент со авион на ОАЕ на јеменскиот фронт.Претходно, во декември минатата година беше соборен Ф-16 на Бахреин, а претходно, и авион на мароканските воени сили.

Военото воздухопловство на ОАЕ во операциите во Јемен користи авиони од типот Ф-16, како и „Мираж-2000„.

Коалиција на арапските, сунитски држави, предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ги бомбардира позициите на бунтовничките Хути, подржувајќи ја владата на отстранетиот од власта јеменски претседател Абедрабо Мансур Хади.

Околу шест илјади лица загинаа досега во борбите на владините сили, помогнати од сунитската коалиција и шиитските Хути.

ОН ги осудува бунтовниците, но и силите на коалицијата за предизвикување цивилни жртви во војната.