Водечките сириски опозициски фигури пристигнаа на преговори во Женева
Водечките сириски опозициски фигури денеска пристигнаа во Женева на преговорите, органиизрани под агенда на ОН, за изнаоѓање излез од сириската криза, што почнуваат на 14 март, пренесоа светските агенции.
Главниот сириски опозициски преговарач, салафитскиот бунтовнички лидер, Мохамед Алуш, и претседателот на делегацијата на сириската опозиција, Асаад аз-Зоаби, отседнаа во Гранд хотелот во Женева.
Алуш пред новинарите појасни дека Високиот преговорачки комитет (ВПК) - структурата што ги обединува повеќето сириски опозициски и бунтовнички групи - за своја првенствена цел во Женева го постави прашањето за постигнување согласност за составување преоден орган во Сирија, без останување на Башар ал-Асад на власт, пренесоа британските медиуми.
-Ние тука дојдовме за да создадеме преоден орган без Асад да остане на власт, изјави Алуш, зборувајќи од име на Висикиот преговарачки комитет.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, истовремено соопшти дека американските и руските екипи од набљудувачи на почитувањето на прекинот на огнот во Сирија попладнево треба да се сретнат во Женева и во јорданската престолнина Аман, за да ги рагледаат случаите на прекршување на примирјето, пренесоа францусите медиуми.
Самиот Кери денеска ќе оствари телефонски разговор на оваа тема со својот рсуки колега Сергеј Лавров.
Кери вечерва ќе отпатува од Ријад, каде престојуваше во кратка посета, и ќе пристигне во Париз, каде утре со европските колеги ќе ја разгледа ситуацијата во Сирија, Либија, Јемен и Украина.
Во врска со прекинот на огнот во Сирија Кери изјави дека таму нивото на насилство е намалено за 80-90 проценти, што е од големо значење. Тој додаде дека режимот на сирискиот претседател Асад не треба да го користи прекинот на огнот за да напредува на теренот, додека опозицијата го почитува примирјето.
Ново на Сител
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел