Во земјава регистриран првиот случај на зараза со новиот сој „Kракен“
Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“.
-Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ.
ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година.
-Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон, додава Институтот.
Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски во врска со сојот кракен, во четвртокот изјави дека сите податоци што досега ги имаат укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем.
Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.
Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и требало да трае седум – осум недели.
Ново на Сител
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција