Во земјава пристигнуваат 250.000 дози „АстраЗенека“, донација од Данска
Данската Влада намени еден милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и за Македонија. Владата намени уште еден милион дози вакцина „АстраЗенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцини КОВАКС. информира Амбасадата на Данска во Белград.
Од таму велат дека во моменталната епидемиолошка ситуација, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „Астра Зенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „АстраЗенека“ со земјите на кои им е потребна.
– Нашите соседи на Балканот имаат значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници и го зголемува ризикот од нови жаришта, кои може да се појават и да се прошират. Затоа ми е драго што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата, изјави министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.
Ново на Сител
-
Поплави ширум Црна Гора
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили