Македонија
29. December 2020 - 18:16

Во затворот во Штип при контрола пронајдени мобилен телефон, марихуана и прашкаста материја

Вчера во 20.55 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 19.45 часот, при контрола во кругот на установата биле пронајдени: мобилен телефон, марихуана и прашкаста материја, соопштуваат од МВР.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.