Македонија
19. April 2024 - 14:54

Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во земјава во академската 2023/2024 година изнесува 4 656.

Од вкупниот број наставници и соработници, 3 264 или 70.1 % се наставници и 1 392, т.е. 29.9 % се соработници во наставата.

Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2023/2024 година изнесува 2 361 или 50.7 %.