-->
-->
Во Виница одбележана „Музејска ноќ 2016“
-->
Во рамки на одбележувањето на „Музејската ноќ 2016“, синоќа во музејот „Теракота“ во Виница се одржа презентација на досегашните истражувања во однос на „Реконструкцијата на погребувањата од римско време (2 и 3) век на археолошкиот локалитет Коколов рид кај Виница.
- Презентацијата на погребувањата од римскиот период на археолошкиот локалитет Коколов рид кај Виница имаше за цел научната и пошироката јавност да се запознае со добиените резултати од истражувањата на овој локалитет во однос на погребувањата од железното доба, римскиот период и бронзеното доба со кремирање. Се работи за реконструкција на гроб во кој се пронајдени значајни артефакти за начинот на кремирање во тој временски период, изјави Јулијана Иванова, директор на Археолошкиот музеј „Теракота“ од Виница.
Според Иванова,од синоќа во музејот во Виница е поставена нова витрина со 17 нови предмети пронајдени на локалитетот Коколов рид кај Виница, од кои позабележителни се еден голем сад и десетина помали садови, крем,ирани коски на покојник, блегзија и поголем број на гробни прилози.
Археолошкиот локалитет Коколов рид првпат е откриен во рекогносцирањата во 1980 година, а со подетални истражувања се започнати во 2011 година.
Во рамки на музејската ноќ, во галеријата „Венеција“ во Виница е отворена изложба на ликовниот уметник Бошко Ангеловски од Скопје, кој се претставува со 15 слики работени во масло на платно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи