Свет
2. April 2020 - 15:56

Во Велика Британија починаа околу 3.000 лица од коронавирусот

Во Велика Британија, според најновите податоци, починаа уште 600 лица заразени со коронавирусот.

Вкупниот број починати е 2.921, заразени се 33.178, а досега се тестирани 163.194 лица.

– Од оние кои се хоспитализирани во болниците во Велика Британија, поради тоа што се позитивни на коронавирусот, за жал, починаа речиси три илјади луѓе, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.