-->
-->
Во велешко за субвенци барања поднеле 2400 земјоделци
-->
Во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес до денес, кога истекува и рокот за поднесување на барања за субвенции, во поширокиот велешки регион за оваа парична помош од Владата барање поднеле 2.400 земјоделци.
Според Вили Бочваров од Подрачната единица на ова министерство во Велес, најголем интерес земјоделците од велешко пројавиле за одгледување на житни култури, за подигање на овошни и лозови насада и за сточарство. До 20 јуни за субвенции во млекопроизводството, барање за субвенции поднеле околу 200 млекопроизводители од овој регион.
-Субвенциите се голем потик за земјоделците и во многу придонесуваат за зголемување на нивните површини и производство на разни проверени и нови земјоделски култури. Радува податокот што од година во година се’ поголем е бројот на земјоделците од велешко кои се заинтересирани за добивање на парични субвенции од Владата. Посебно и тоа што се поголем број на млади луѓе од велешко на овој начин со субвенционирање одлучуваат да станат земјоделци и така да си обезбедат егзистенција за себе и своите семејства, потенцира Бочваров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шест медали за вината „Монтеко“ во најсилната светска конкуренција на фестивалот „Мундус вини“ во Германија
-
Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците
-
Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама
-
Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето