-->
-->
Во велешкиот Народен театар премиера - претстава за деца „Волшебната шума“
-->
На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена петтата годинашна премиера, овојпат новогодишна претстава за деца - „Волшебната шума“. Претставата која е обработка на популарната приказна на Браќата Грим „Јованче и Марика“ е во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски.
- Како што појасни на денешната прес-конференција режисерот Деан Дамјановски, ова е класична претстава за доброто и злото, со низа сплетки и доживувања. И на крајот лошите деца стануваат добри. потенцира Дамјановски.
Вели дека ова му е шестта детска претстава и шеста во велешкиот Народен театар. Во претставата играат помладите актери на велешкиот Народен театар: Жарко Спасовски, Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Кети Борисовска, Марија Стефановска, Драгана Босниќ и Александар Цветановски.
Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а музиката на Димитар Андоновски.
Младата актерка Талија Настова вели дека оваа и е прва уога во детска претстава и дека на последните претстави ја почувствувала магијата на новогодишната ноќ и оти се присетила за своето детство и кога била во публика и возбудена и среќна го чекала доаѓањето на Дедо Мраз.
Актерот Жарко Спасовски појасни дека претставата има и голема порака до децата, да не бидат лакоми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци