Македонија
11. July 2021 - 10:58

Во велешката болница нема ковид пациенти

На инфективното одделение во велешката Општа болница нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни-сомнителни, информира портпаролот Елеонора Јованова.

– Од пациентот кај кого беше детектиран делта сој, завчера бил земен контролен брис и истиот бил негативен, по што тој е испишан од болничко лекување, информира д-р Јованова.

Вчера беше потврден и втор случај на делта сој во Велес.