Македонија
3. December 2020 - 15:29

Во велешката болница деновиве се намалува бројот на пациенти со Ковид-19

Во велешката болница иако не драстично, сепак последниве денови постепено опаѓа бројот на хоспитализирани. Денеска се 60 хоспитализирани, а завчера беа 68.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, од вкупниот број на 60 хоспитализирани пациенти, 49 се потврдени позитивни, седум сомнителни и четири пациенти со негативни тестови, а од нив 21 пациент е на кислородна поддршка.

– Лоша вест е што денеска повторно имаме починат во велешката болница како последица од Ковид. Имено, утринава е починат маж на 72 години од Велес примен на 29 ноември потврден позитивен.
На Инфективно одделение има 51 и на Физикална пет пациенти. На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално има четири пациенти, информира д-р Неделковска Николова.