Македонија
9. September 2015 - 16:37

Во Велес зголемен бројот на цревни заболувања

Во Велес во август во однос на претходните два летни месеци е зголемен на бројот на цревни заболувања-ентероколитиси.

Во текот на август во Велес има регистрирано 138 пациенти со цревни заболувања.
 
Во изјава за МИА д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, потенцира дека тоа е двојно повеќе пациенти споредено со јули кога биле регистрирани 65 или петтпати повеќе од јуни кога имало реегистрирани 29 пациенти.
 
- Нема причина за паника. Тоа е вообичаено за летните месеци да преовладуваат овие цревни заболувања со симптоми на повраќање, изнемоштеност и проливи, што се должи на недоволната лична и хигиената на приготвување  храна код страна на поединци. Затоа и апелот од мене како  лекар епедемиолог до граѓаните  е повеќе да внимаваат на хигиената, потенцира д-р Трајкова.
 
Инаку, во август според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје  во Велес биле регистрирани и четири пациенти со варичела или попозната како овча сипаница.
 
Регистрирано е и едно лице заболено од бруцелоза, што е втор случај на оваа болест во Велес годинава.