Во Велес завршија 9. етно работилници
Во Куќата на Касапови или попозната како Куќата што лебди во стариот дел на Велес денеска со доделување дипломи на учесниците завршија со работа деветтите етно работилници.
Етно работилниците за грнчарство, столарство, ткаење, изработка на накит и копаничарство изминатите десетина дена се одржуваа во спомен-куќите на Кочо Рацин, на Васил Главинов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и на Касапови, а ги раководеа мајстори на својот занает.
Организатор и годинава беше Здружението на граѓани „Разбој“ со подршка на општина Велес и Советот на млади.
Градоначалникот Чадиев потенцира дека општината давала и ќе дава поддршка за негување на старите занаети и за воведување на младите во основата на старите занаети се со цел тие да оживеат и да не изумрат.
Гоце Станчев изјави дека годинава имало околу 60 ученици и додаде оти секоја година интересот за етно работилниците е се поголем.
- Важно е да се зачува традицијата на старите велешки занаети, а преку овие етно работилници ќе имаме повторно и идни грнчари, столари и други занаетчии, потенцира Станчев.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата