Во Велес вирусот присутен и во некои од јавните институции
Во Велес Ковид 19 го има во некои од јавните институции како ЈКП „Дервен“ каде во Работната единица „Хигиена“ има двајца заболени и шест вработени сe во самоизолација, двајца позитивни на вирусот има и во Работната единица „Водовод и канализација“, а двајца во самоизолација.
Градоначалникот Аце Коцевски на денешниот прес информира дека во Општина Велес од вчера има еден болен од јавната администрација кој се наоѓа во велешката болница, еден има симптоми и чека резултати од тест, а еден е во изолација. Претходно заболениот од јавната администрација на Општина Велес се излекувал и веќе е на работа, информира Коцевски.
-Го чекаме записникот од синоќешната седница на Владата во врска со работата на општинската администрација, имаме три модели меѓу кои треба да бираме или ќе ги комбинираме. Дополнително ќе донесеме одлука на кој начин ќе продолжи понатаму да работи општинската администрација, најави Коцевски.
Во ЈЗУ Општа болница има позитивни три медицински сестри од Инфективно одделение, еден од анастезиолошката служба и еден од администрација.
Во ЈЗУ Здравствен дом позитивни на Ковид-19 се две лица, а пет се во изолација, информира Коцевски.
Тој апелира до граѓаните задолжително да носат маска, да држат пропишано растојание и да не се групираат со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа