Во Велес регионална смотра на клубовите на млади техничари и природници

Во организација на Здружението за техничка култура Народна техника Велес денеска во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се одржа 30-тата Регионална смотра на клубовите на млади техничари и природници на која во 23 дисциплини од природните и техничките науки се натпреваруваа над 120 основци од поширокиот велешки регион во кој се вклучени и ученици од општините Градско и Чашка.
Најдобрите во сите дисциплини од Регионалниот натпревар на 6 април ќе учествуваат на Државниот натпревар што ќе се одржи во Македонска Каменица.
Како што појасни Зоран Тодоров, извршен директор на Здружението за техничка култура Велес кој воедно е и претседател на Народна техника на Македонија, целта на овие традиционални смотри, односно натпревари за учениците, е да се поттикнат најмладите за интерес кон техничките и природните науки.
-Во овој регион имаме доста талентирани деца кои редовно секоја година во повеќе области се враќаат со први места на државните натпревари. За тоа се заслужни и нивните ментори од секоја област кои со нив напорно работат во текот на целата учебна година, потенцира Тодоров.
Најдобрите од Државниот натпревар на млади техничари и природници, посочи, потоа земаат учество на „МАКИНОВА“ и „ТЕХНОМА“ и на меѓународни натпревари.
-Нашите деца се мошне талентирани за технички и природни науки. Тоа го докажавме и на минатогодишната смотра на Народна техника која се одржа во Скопје, каде нашите ученици беа прворангирани меѓу претставниците од седум земји од Источна Европа. Имаме одлично изработени иновации на наши ученици и од природните и од техничките науки кои можат да најдат примена во индустријата, роботиката, автоматиката, применетата хемија и биологија, градежништвото, архитектурата, електрониката, сообраќајното и ракетното моделарство и другите области на науката, рече Тодоров.
Најдобрите ученици, додаде, имаат привилегија преку нас да конкурираат во Министертвото за образование и наука и да добијат стипендија.
– Некои од нив освен на нашите факултети добиваат можност да студираат на престижни факултети во светот и да напредуваат во разни области од науката. Горди сме што преку клубовите на Народна техника сме поттикнале многу млади техниката и науката да станат нивна животна професија. Во изминатите 30 години преку клубовите на Народна техника во земјава годишно по околу 5.000 ученици се едуцираат и усовршуваат во областа на науката и техниката, информира Тодоров.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност