Во Велес крстот во водите на Вардар го фати 37 годишниот Дејан Димовски
Во Велес во осветените води на Вардар годинава крстот го фати 37 годишниот Дејан Димовски. По одржаната Литиргија и осветување на водите на реката Вардар од митрополитот Повардарски Агатангел, чесниот и животворен крст го фрли од Мало Мовче, владиката Агатангел.
Во водите на Вардар по крстот денеска влегоа 63 православни верници, а фрлање на крстот на денешниот празничен ден го проследија неколку илјади велешани покрај двата брега на Вардар.
Дејан Димовски, вработен во „Брако“, во изјава за МИА до сите верници посака многу здравје и среќа и за себе и своето семејство, а и надеж дека годинава ќе му биде среќна и ќе се ожени.
Тој од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес, доби ваучери по 15 илјади денари, машина за перење од „Зегин“ и телевизор од кумот на манифестацијата „Жито Ване“, како и други помали подароци од повеќе спонзори.
Дејан Димовски со крстот и
Инаку, Празникот Богојавление -Водици во Епархијата Повардарска со седиште во Велес, утрово по традиција започна во црквата „Св. Вознесение Христово“ со Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски Агатангел. Златоустова литургија имаше и во црквите „Св Пантелејмон“ и „Св Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден