Македонија
5. April 2021 - 11:01

Во Велес досега против Ковид-19 вакцинирани 151 лице

 Во пунктот за вакцинација во Здравствениот дом во Велес во поранешната Ушна амбуланта досега се вакцинарани 151 лице над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“. Како што информира за МИА, д-р Кевица Клифова вакцинацијата се одвива без проблеми.

Таа посочи дека од утрово до 10,15 се вакцинирале 13 лица над 77 годишна возраст. Вакцинацијата се одвива секој работен ден од 8 до 18 часот. Се вакцинираат тие кои се пријавиле преку системот „Мој термин“.

Воедно информира дека на сите вакцинирани веднаш им закажуваат и втора вакцинација по 84 дена, односно во јуни, а  согласно правилникот кога се вакцинираат со „Астра Зенека“.