Македонија
15. August 2018 - 12:48

Во Велес 25. традиционална летна акција за доброволно дарување крв

Во Велес  во тек е традиционалната 25.  летна акција за доброволно дарување на крв што ја организира Општинската организација на Црвен крст во градот во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во текот на акцијата како што информираат од ООЦК досега се собрани 90 крвни единици.

Од ООЦК Велес ги повикуваат сите граѓани денеска до 14 часот   да се приклучат во акцијата  и доброволно да даруваат крв која за многумина пациенти значи живот.