Во Валона запленети 500 кг марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Турција
Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 500 килограми марихуана, која по морски пат требало да пристигне во Турција.
Директорот на регионалниот комесаријат на Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција изнесе детали за акцијата за борба против трговија со дрога под шифра „РЕСЕТ“, во рамките на која е разбиена криминална група која произведувала и тргувала наркотици.
– Запленети се 34 пакувања со различни големини, со наркотична дрога канабис сатива со вкупна тежина од 500 килограми. Уапсени се седум лица, сите жители на околината на Валона, додека се трага по уште неколку лица, жители на Валона и Тирана, чиј идентитет не се соопштува, во интерес на истрагата. Од истрагата е утврдено дека овие граѓани организирано дејствувале, за да ја транспортираат дрогата по морски пат кон турската држава, рече Мучај.
Според него, дрогата била преработена и спакувана во магацин на браќата Идриз и Ромир Меминај, во селото Тревлазер а потоа со возилото управувано од Нертин Ѓони ја превезувале кон морскиот брег, за потоа да ја пренесат во Турција. Возилото било блокирано во населбата „11 јануари“ во Валона.
Во акцијата во која биле вклучени и прпадници на специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брзо распоредување, се запленети две парчиња огнено оружја, четири возила и осум мобилни телефони.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката