Свет
14. January 2022 - 8:41

Во Унгарија се предлага четврта доза вакцина против Ковид-19

Унгарската влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против ковид-19 за да се справи со ширењето на коронавирусот, соопшти претставник на владата.

– Секој што сака ќе може да прими четврта доза од вакцините, но тоа ќе биде направено по препорака на лекар. Во недела и официјално ќе ја соопштиме нашата одлука, рекол изворот, пренесуваат локалните медиуми.

Во Унгарија, околу 60 отсто од населението е вакцинирано. Земјата има население од 9,8 милиони жители. Половина од нив имаат примено две вакцини. Бројот на новозаразени во изминатиот ден достигна 9200 лица. Повеќе од 40 000 луѓе од ковид-19 починаа од пандемијата во Унгарија.