Во Украина прогласен ден на жалост
Во Украина, по вчерашните разорни напади на руските сили при што загинаа 41 човек, а 166 се повредени, денеска е прогласен ден на жалост.
Русија вчера изврши еден од најголемите ракетни напади во изминатите неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев.
Две лица загинаа кога руски проектил срамни со земја дел од детската болница Охматдит, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.
Русија негираше дека цел на нападот била детската болница и тврди дека таа била погодена од делови од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нападот го оцени како „брутален“, а за рускиот претседател Владимир Путин го нарече „крвожеден криминалец“.
Според Зеленски Русија вчера истрелала повеќе од 40 проектили, оштетувајќи речиси 100 згради во Киев, Дњепар, Криви Рих, Славјанск и Краматорск.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО