Во Турција речиси 24.000 заразени со новиот коронавирус
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 786 лица, а починале вкупно 501 лице, соопшти турското Министерство за здравство.
Според последните податоци од табелата објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, вчера се извршени 19.664 тестирања за Ковид-19, од кои 3.013 лица се позитивни на овој вирус.
Со ова, вкупниот број на заразени во Турција изнесува 23.934 случаи, од кои 1.311 лица се на интензивна нега.
Министерот за здравство на Турција, Фахретн Коџа, на Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот и нагласи дека се спроведени вкупно 161.380 тестирања, од кои 12,18 отсто биле извршени во последните 24 часа.
– Регистриран е значаен раст во бројката на излекувани пациенти. Бројката на излекувани лица вчера изнесуваше 484, додека оваа бројка денес се зголеми на 786 лица, додаде тој.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство