Балкан
1. April 2016 - 11:02

Во Турција приведени 15 осомничени припадници на ИД

Турската полиција денеска во Измир и во Истанбул приведе вкупно 15 лица под сомнение дека се членови на Исламска држава, јави турската телевизија НТВ.

Во полициската операција било извршено претрес во 15 домови, при што се задржани 13 луѓе во Измир и двајца во Истанбул. Одземени се оружје и документи на ИД.

Приведените се осомничени за терористичка дејност, учество во борбите во Сирија на страната на ИД, како и за испражање на борци во Сирија. Меѓу приведените има осомничени и за извршување на бомбашки напади врз канцеларии на прокурдската Демократска партија на народите во Адана и во Мерсин во 2015 година.