Во Турција почна судски процес против 330 обвинети за воениот удар
Најголемиот процес против осомничените за учество во неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година денеска почна во близина на Анкара.
Вкупно 330 обвинети во процесот, од кој поголемиот број поранешни офицери од Воената академија, можно е да бидат осудени на доживотен затвор поради вмешаност во пучот.
Турските власти за воениот удар го обвинуваат исламистичкиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, и неговите приврзаници.
Осомничените се обвинети за убиство, обид за промена на уставниот поредок и за членство во терористичка организација.
Турската новинска агенција Анадолија наведува дека 243 од обвинетите се во притвор.
Процесот почна под засилени безбедносни мерки во затворот Синџан во близина на Анкара, во специјално изградената сала, која може да собере до 1.558 луѓе.
Првиот испитан - кадетот Абдилкадир Караман изјави дека ноќта на пучот, војниците била снабдени со муниција, откако нивниот началник ги информирал дека ќе има терористички напад.
И другите обвинети дадоа слични искази. Еден од нив, Ариф Јозан Демир посочи дека нивниот командант побарал од војниците да „бидат подготвени“ за напад.
По неуспешниот воен удар и воведувањето на вонредна состојба, во Турција се приведени над 43.000 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, Министер за одбрана
-
Во Струмица едукација на младите за селекција на отпадот
-
Жените-земјоделки иако се столб на фамилиите, ниту се доволно препознати ниту доволно платени
-
Темелно ќе се работи на проблемот да се задржат младите
-
Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
-
МВР ќе врши зголемена контрола, полициско обезбедување во училиштата по обидот за силување на малолетник
-
Мицкоски го подготвува писмото до европските лидери
-
Заедничка алпинистичка вежба на полициската „ЕБР“ и армиските „Волци“