Во Турција откриен најстариот мозаик во светот
– Мозаик направен пред 3.500 години, е откриен во областа Јозгат – средишната Турција. Мозаикот, составен од 3.147 камења, а со површина – три на седум метри, е пронајден кај местото Усакли Хојуку во округот Соргун, каде што 2008 година почнаа површински истражувања и, ископувања во 2012 година, пренесува Агенција Анадолија.
Се чини, се работи за историски најстариот мозаик пронајден досега. Според Хусеин Чифтчи, областен директор за култура и туризам, мозаикот е постар од оние откриени во Грција. Доц. д-р Анаклето Дагостино, од Универзитетот на Пиза и предводник на тимот за ископувања, смета дека мозаикот е од 16. век пр.н.е.
Заедничките ископувања ги спроведуваат Генералниот директорат за културно наследство и музеи во Турција, Универзитетот Бозок и италијанскиот Универзитет на Пиза.
– Научните испитувања покажаа дека мозаикот е прв ваков во историјата. Мозаичниот калап го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален. Планираме да го вклучиме ова место во туристичките понуди, рече Чифтчи.
Мозаикот е стара добро позната техника на сликање, којашто се изведува со редење шарени, повеќе или помалку доследно наредени коцки од камен, обоено стакло или керамика.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска