Во третото тримесечје од 2023 година вкупно превезени над 11 милиони патници
Во третото тримесечје од годинава во патниот, железничкиот и воздухопловниот сообраќај во земјава вкупно се превезени 11.202.904 патници од кои 941.000 патници во патниот патнички превоз, 9.190 000 во градско-приградскиот, 56.000 во железничкиот и 1.015.904 патници во воздухопловниот превоз.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз вкупно се превезените 941.000 патници од кои 749.000 се превезени во националниот, а 192.000 во меѓународниот превоз. Во градско-приградскиот превоз се превезени 9.190 000 патници, а во железничкиот превоз се превезени 56.000 патници – сите во националниот превоз.
Во воздухопловниот превоз, пак, вкупно се превезени 1.015.904 патници од кои од македонските аеродроми полетале 484.096 во редовниот и 35.031 патник во чартер сообраќајот. Во земјава во вој период слетале 458.271 патник во редовниот и 38.506 патници во чартер сообраќајот.
Во третото тримесечје годинава во споредба со истиот период лани за 35,7 отсто е зголемено
количеството на превезената стока во товарниот патен превоз, во железничкиот превоз е намалено за 32, а во воздухопловниот превоз е зголемено за 23 отсто.
Ново на Сител
-
БиХ: Продолжува потрагата по исчезнати лица во поплавите
-
Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска до 29 степени
-
Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник
-
Митева: Поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник
-
Апокалиптични сцени на Флорида: Пристигна ураганот „Милтон“ | ВИДЕО
-
Уставен го укина „балансерот“
-
Академијата за судии и јавни обвинители ќе добие нов директор
-
Состојба на патишта