Во транзитниот центар Гевгелија сместени 134 бегалци
Бројот на бегалците стационирани во Прифатниот транзитен центар Гевгелија, веќе неколку дена изнесува 134 вклучително со стотината кои заради подобри услови за сместување деновиве беа вратени од Табановце, информираа денеска од регионалниот ЦУК во Гевгелија.
Од епидемиолошката служба на гевгелискиот подрачен центар за јавно здравје, информираа дека во транзитниот центар било пријавено сомнение за појава на шуга кај неколку мигранти кои биле вратени од Табановце. Во конкретниот случај се работи за петчлено семејство од Ирак кај кое по извршениот преглед заболувањето е конфирмирано. Заболените се веднаш ставени во посебен објект и тие се наоѓаат под постојан епидемиолошки надзор кој ќе трае до потполно исчезнување на симптомите на болеста.
Во центарот Гевгелија беше извршена дезинфекција и дезинсекција на објектот во кој се сместени заболените, а истовремено беше извршен преглед и на сите мигранти заради преземање неопходни превентивни и евентуално терапевтски мерки во случај на постоење шуга и вошливост.
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен