Во Тетово одбележан Денот на пожарникарите
Во Територијалната противпожарна станица во Тетово денеска беше организирана свеченост по повод Денот на пожарникарите на Македонија 20. Мај.
Дел од тетовските пожарникари добија сертификати за инструктори по успешно завршените обуки за интервенции при сообраќајни незгоди и во надојдени води. Обуката ја вршеле инструктори од Англија и Шкотска. Од страна на пожарникарите благодарници добија повеќе институции за успешната соработка. Тетовските пожарникари имаат улога и на спасители при елементрани непогоди и интервенираат во спасување на жртвите при тешки сообраќајни несреќи.
- За нас пожарникарите секогаш недостасува опрема. Се бориме со тоа што имаме, немаме некоја софистицирана опрема, но со опремата што ја добиваме со помош на општината и разни донации имаме средства за секојдневната работа. Важно е да се продолжи и со едукацијата и обуката на вработените бидејќи ние во надлежност ги имаме 250-те илјади жители на подрачјето од општина Тетово и пет рурални околни општини, изјави командирот на тетовската територијална противпожарна единица Ука Алити.
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи побара од сите релевантни институции да имаат добра соработка со тетовските пожарникари. За неа тие не се херои само при пожари, туку и при други несреќи и непогоди како минатогодишните поплави.
- За нас минатата година беше тешка по прашањето на проблемите со кои се соочивме во минатата година како што беше една од најголемите природни непогоди што сме ги имале - големата поплава. Сакам да им се заблагодарам на сите припадници на противпожарната единица за нивната работа. Се покажува дека нашите напори како градска управа за нивна обука и материјални средства и опрема има резултати и очекувам дека пожарникарите ќе ја добијат подршката од сите инстуции и поединци бидејќи нивната работа е важна за безбедноста на сите граѓани, изјави Арифи.
На Денот на пожарникарите тетовската противпожарна единица ја посетија ученици од основни училишта.
Ново на Сител
-
Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат
-
Приведени две лица од Турција за приложување фалсификувани патни исправи
-
Приведен 34 годишник во Ѓорче Петров, полицијата пронашла нож
-
Јапонија нема да учествува на конференцијата на ОН за забрана на нуклеарното оружје
-
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури