Во Темза откриена бомба од Втората светска војна
Бомба од Вторатата светска војна е откриена случајно во близината на мостот на Темза во лондонскиот кварт Патни, во чија близина се наоѓа стартот на познатата веслачка трка меѓу студентите од универзитетите Оксфорд и Кембриџ.
Бомбата била откриена од речни морнари на северната страна од брегот на Темза, во близината на мостот преку кој инаку се одвива и патниот сообраќај од југозападниот дел на Лоднон кон центарот на градот, преку квартовите Фулам и Челзи.
Засега не е јасно како никој досега на едно толку фрекветно место не ја забележил бомбата во реката, околу која има еден хотел и станбен кварт, а посебно што околу тоа место секоја година во ова време се собира голема маса луѓе за да ја следат традиционалната веслачка трка.
Според планот, годинешнава 163-та по ред веслачка трка треба да стартува денеска попладне, но полицијата и специјалната единица за демонтирање бомби се уште немаат дадено „зелено светло“ за одржување на трката, а посебно за тоа дали да стартува од локацијата каде тоа се прави секоја година.
Претставник на организациониот комитет на трката изјави дека „речиси е сигурно“ оти трката ќе се одржи, но дека таа ќе се одвива во специјални мерки за безбедност.
Гледачите нема да можат да ја следат трката од сите позиции покрај реката како досега, додека бомбата не биде демонирана и однесена на безбедно место.
За трката меѓу веслачите од двата најпрестижни британски универзитетски центри обично се собираат по 300 илјади гледачи во реонот на Патни и покрај бреговите на Темза до целта.
Веслачите не се движат покрај местото каде е најдена бомбата, туку веслаат низ Темза во спротивниот правец.
Засега не е запрен сообраќајот ниту во оваа лондонска населба, ниту е прекинато движењето на луѓето и возилата кон центарот на Лондон.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање