Во тек пријавувањето за „Скопје на точак“
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје на 11 ноември ќе се одржи велосипедски карван кој има за цел популаризација на возењето велосипеди.
-Скопје знае за велосипеди. Некои велат дека во 1960-те години секој втор граѓанин имал велосипед. За да се врати тоа, време е во недела, 11.11.2018, во 11.00 часот, да се направи еден круг низ градот на точак, порачуваат организаторите.
Секој е поканет да се пријави на http://www.sportskopje.mk/
Според агендата, од 11:00 ќе се врши поделба на стартни броеви – лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден), во 12:00 часот стартува карванот, а завршува во 12:30. Потоа од 12:35 – 13:00 следи лотарија, а настанот завршува со велосипедски дружења (13:00 – 13:30). Во лотаријата има неколку награди, како велосипеди и велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Повеќе информации има на: http://www.sportskopje.mk/
Стартот на Скопје на точак е од булевар „Илинден“ кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица „Љубљанска„ и се вози по ул. „Московска“ до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица „М. Т. Гологанов“ и се вози право до Католичка црква. Од таму се продолжува по „М. Т. Гологанов“, па по улица „Димитрие Чуповски“, потоа право по бул. „11 Октомври“ до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. „Кочо Рацин“. Таму се вози преку мостот по бул. „Крсте Петков Мисирков“. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. „Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“, се приклучува на бул. „Илинден“ и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.
Пријавувањето е отворено и завршува в сабота, 10 ноември во 23.59 часот.
Ново на Сител
-
Муцунски и Лами ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство
-
Приведен 32-годишник од Струга, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки
-
Изминатите три дена 2490 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Приведен 27-годишник од Гостивар за кражба на електричен тротинет
-
ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни
-
Муцунски во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Активни три пожари, еден е под контрола, а 17 се изгаснати