Во тек аплицирање за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право досега. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти односно 31-ви секој месец.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
– Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, соопшти Министерство за образование и наука.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го имаат остварено над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлуваат средства на личните трансакциски сметки.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села