Во светот досега над 130 милиони потврдени случаи на коронавирус
Во изминатиот ден, во светот беа регистрирани повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирусот, а вкупниот број на такви случаи надмина 131,434 милиони, објави Светската здравствена организација.
Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус е зголемен за над 510.360 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 131,920,434..
Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 10.173 – вкупно досега 2.842.135.
Во Северна и Јужна Америка се повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи на Ковид-19 (177.098 случаи). Следат Европа (169.858 случаи) и Југоисточна Азија (103.810).
Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894) и Велика Британија (4.357.095), Италија (3.650.247), Турција (3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).
Ново на Сител
-
Втора победа за македонските одбојкари во европската Златната лига
-
Аџиоски: Граѓаните ќе ја испратат криминалната влада на СДС и ДУИ во долга опозиција
-
Поплавени десет објекти по невремето во Кавадарци
-
СДСМ: Пред Мицкоски е одлуката: ЕУ или останува во заложништво на Левица
-
140 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење
-
Пендаровски: Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“
-
Претседавачот на ОБСЕ објави план во девет чекори за деескалација на тензиите на северот на Косово
-
Украински власти: 20 лица ранети во воздушен напад врз градот Дњепар